ТЕМНАТА СТРАНА НА КРАЛОТ НА РОКЕНРОЛОТ Бил крал на предиграта, не бил добар во кревет, обожавал 14-годишнички…

Елвис Присли имал прилично луд интимен живот: фетиши, тројки, опсесија со 14-годишнички и воајеризам, за што пишувале и бројни странски медиуми.

967

Интимниот живот и преференциите на Елвис Присли, велат познавачите, не биле претставени толку добро како неговиот пат до славата во биографскиот филм „Елвис“. Имено, Присли имал прилично луд интимен живот: фетиши, тројки, опсесија со 14-годишнички и воајеризам. Во креветот на Присли имало сè – освен добри интимни односи.

Според книгата „Елвис Присли: Јужњачки живот“ од Џоел Вилијамсон, Елвис Присли им се додворувал на девици, ја одржувал врската што е можно подолго, а кога овие жени ја губеле невиноста, тој го губел интересот за нив.






Поранешната сопруга Присила Присли имала 14 години кога го запознала Елвис во германска воена кантина, додека тој имал 24 години. Според Вилијамсон, Елвис „водел љубов со неа на секој начин, но без пенетрација“. Како невиноста на Присила да била уште една работа што Елвис чудно и опсесивно ја „чувал“. Таа го молела Елвис да ја доведе нивната љубов до кулминација, но тој сакал да ја задржи невина, што е детаљ кој е присутен во многу негови врски.

– Последниот пат го молев да ја доведе нашата љубов до кулминација. Ќе му беше толку лесно. Бев млада, ранлива, очајно заљубена и можеше целосно да ме искористи. Но, тој тивко рече: „Не, еден ден ќе го сториме тоа Присила, но не сега. Навистина си премногу млада“.

Присила не била единствената девица со која бил

Во 1969 година, тој запознал неколку девици и не можел да одолее. Џојс Бова, тогаш 25-годишна, првпат го запознала Елвис во Лас Вегас и била поканета на вечера, која ја прифатила дури една година подоцна. Двајцата конечно ја конзумирале својата врска, но Бова истрчала кога Елвис ѝ рекол дека немаат иднина. Можеби затоа што таа повеќе не била невина.

Друга девица, Кети Вестморленд, брзо станала следната врска на Елвис. Кети, 25, била сопран на шоуто на Елвис во Лас Вегас. Кога ѝ се приближил, ја прегрнал и ја бакнал, а таа признала дека е девица тоа била музика за неговите уши.

Двајцата набрзо спиеле заедно, но на крајот раскинале кога Кети се вратила во Лос Анџелес но работа. Таа се вратила да се обиде повторно, но Елвис повеќе не бил заинтересиран, затоа што таа повеќе не била девица.

Во 1972 година, Елвис ја запознал Линда Томпсон, која во тоа време имала 22 години и исто така била девица. Елвис и Линда (за оние кои не знаат, Линда е мајка на Броди Џенер, а исто така и поранешна сопруга на Кејтлин Џенер) се забавувале четири години. Во нејзината книга „A Little Thing Called Life: On Loving Elvis Presley, Bruce Jenner, and Songs in Between”, Линда Томпсон, една од љубовниците на Присли, пишува дека тој ѝ рекол дека сака да ја „сочува“.

– Всушност, тој го искористи зборот „сочува…“

Линда и Елвис спиеле заедно два месеци без да ја конзумираат врската, пред Линда да каже дека „е време или да го направи тоа или да си оди дома“. Таа додала во својата книга дека губењето на невиноста ја расплакало. Елвис ја држел и ѝ рекол:

– Душо, не плачи… Те молам не плачи, и таа плачела уште малку, а Присли рекол: „Продолжи. Плачи ти… Ако сакаш да плачеш, плачи, душо“.

Линда раскинала со Елвис во декември 1976 година, а тој починал следната година во 1977 година.

Елвис Присли бил крал на предиграта, но не бил добар во кревет

Линда исто така вели дека Елвис бил надарен за „водење љубов на многу начини освен за вистински интимен однос“. Во неодамна објавената книга на Присила Присли, „Softly, As I Leave You: Life After Elvis“, таа пишува за тоа колку Елвис бил надарен кога станувало збор за водење љубов, како што бил и во неговите настапи, но неговиот вистински талент бил оралното задоволување.

Член од најтесниот круг на Елвис, познат и како „Мемфис мафија“, Ламар Фајк, ја запознал Присила со Елвис, а подоцна зборувал за неговиот интимен живот.

– Неговиот апетит беше многу, многу силен. Допирот и чувството и триењето и сè друго му значеа повеќе на Елвис отколку самиот чин. Претпоставувам дека Елвис бил крал на предиграта.

Актерката Сибил Шепард не била толку импресионирана од неговата изведба во кревет. Таа рекла дека тој бил „одличен бакнувач и многу сладок, но не и фраер каков што очекувала“. Таа исто така рекла дека лековите што ги земал го спречувале да биде „природен маж“. Шепард исто така рекла дека од Елвис извлекла мачо машкост, но дека тој не бил мачо сам по себе.

„Не можеше да му држи свеќа на Марлон Брандо“

Рита Морено, која излегувала со Елвис веднаш откако излегувала со Марлон Брандо (главно за да му се одмазди на Брандо што ја изневерил), рекла дека Присли не можел да му држи ни свеќа на Брандо. Таа го нарекла Присли „двегодишно дете“ во споредба со Брандо и дека вечерта со него била како „аматерска вечер“.

Пеги Липтон, исто така, пишува во својата книга дека Елвис „едноставно не бил достоен за кревет“ и дека бил „практично импотентен“ со неа.

Елвис Присли бил воајер

Се вели дека Присли, исто така, инсталирал двонасочни огледала во својата куќа, а истото го правел и во неговата куќа покрај базен за да ги шпионира луѓето што имаат секс. Кога Елвис се забавувал со Ен-Маргарет, неговите луѓе ставиле тенко огледало под креветот на Елвис, надевајќи се дека ќе ги видат Елвис и Ен-Маргарет како имаат секс, исто како што го гледале секој што има секс во куќата.

Фетишите на Елвис Присли

Со текот на годините, Елвис развил специфични фетиши, како што е барањето од своите девојки секогаш да носат бели гаќички додека се во кревет. Тој сакал да игра улоги за време на сексот, па наместо всушност да имаат секс со Присила, двајцата се облекувале како медицинска сестра и пациент и ги истражувале телата еден на друг.

Понекогаш Елвис донесувал други девојки во својата спална соба, па ги терал Присила и девојката да се преправаат дека имаат секс додека тој гледал, снимал, а понекогаш и се придружувал. Двајцата ги фотографирале сцените со полароид и ги чувале фотографиите во сребрен куфер.

Елвис Присли, исто така, организирал големи забави во вилата без Присила или неговите други девојки. Наместо тоа, тој ги викал танчерките „да пливаат голи во базенот, а потоа да им се придружат на момчињата во многуте спални соби“.

Елвис ги сакал 14-годишничките

Присли првпат ја запознал својата идна сопруга Присила Присли кога таа имала само 14 години. Нивното додворување траело седум години пред да се венчаат во 1967 година кога Присила имала 22 години. Елвис, исто така, организирал сомнителни забави во неговата вила во Грејсленд со 14-годишнички. Книгата на Вилијамсон вели дека Елвис донел три 14-годишни девојчиња во неговата спална соба за „борби со перници, скокоткање, бакнување и галење“ и дека имал 22 години кога ги организирал овие забави. Интересно е што овие игри започнале кога девојчињата имале само 13 години.

Џеки Роуланд го запознала Елвис во 1956 година, кога таа имала 14, а тој 21 година. Алана Неш пишува во својата биографија за Елвис дека Елвис ја однела Џеки во соба во театарот за да ја научи како да се бакнува.

– Никогаш порано не сум бакнала момче… Елвис бил многу љубезен и нежен учител, открила Џеки, а кога нејзината мајка ги фатила, ѝ рекол на Џеки: „Знаеш, кога ќе пораснеш, ќе бидеш моја“.

Френсис Форбс, уште една 14-годишничка, се појавила во куќата на Елвис и вели дека всушност го запознала кога имала 13 години.

– Тој тогаш не ми обрнуваше внимание, но кога имав четиринаесет години, ме забележа. Четиринаесеттата година била магична возраст за Елвис.

Форбс, заедно со Хајди Хајзен и Глорија Пал, присуствувале на забавите на Елвис кои траеле до 3 или 4 часот наутро. Девојките спиеле по неколку часа пред да се разбудат и да се упатат во гимназија.

Во 1974 година, кога Елвис имал речиси 40 години, тој запознал уште една 14-годишна девојка, Рика Смит, во Мемфис. Рика вели дека имале неколку долги сесии. Елвис ѝ дал автомобил, што нејзиниот татко го дозволил. Подоцна сакал Рика да лета со него до Нешвил, но нејзиниот татко одбил. Нивната врска завршила следната година, во 1975 година.

Фасцинацијата на Елвис со млади девојки ги плашела сите, но малкумина имале храброст да му кажат нешто.

Поврзани содржини