Темната бројка починати од корона во Британија се искачи за 2.100 лица за една недела

457

Смртта на уште 2.100 лица се поврзува со коронавирусот во Британија и во Велс заклучно со 3 април, соопштија денеска официјалните власти.

Според Канцеларијата за национална статистика, досега има 6.235 починати од ковид-19 до 3 април наспроти бројката од 4.093 починати која ја дава Министерството за здравје и социјална грижа.
Разликата е во тоа што во вкупните починати се бројат и тие што починале во старските домови или во своите домови, а во умрениците им е наведена како причина за смртта – коронавирус.






Во седмицата до 3 април во Британија и во Велс се регистрирани вкупно 16.387 починати, што е највисок број во однос на мерењата што се водат неделно од 2005 година наваму. Од нив, 3.475 се поврзани со коронавирус, што е 21% од сите причини за смрт.

Во Лондон речиси 46,6% од починатите во таа недела се поврзани со ковид-19.

 

 

Поврзани содржини