ТЕМЕЛНА ГЕНЕРАЛКА НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, СЕ ЧИСТИ СЕКОЈ АГОЛ Ѓорѓиевски вели дека ова ќе биде редовна пракса

542

Сите јавни претпријатија на Град Скопје денеска се мобилизирани и се вклучени во сеопфатна и темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – срцето на македонското здравство, кое секојдневно го посетуваат илјадници граѓани од сите делови на државата, напиша градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот профил на Фејсбук.

„Оваа акција е директен одговор на оправданите реакции и забелешки од граѓаните за долгогодишната негрижа кон овој исклучително важен комплекс. Местото каде што се лекува народот мора да биде чисто, безбедно и достоинствено. Се перат и се чистат улиците и паркинзите, се сече и се отстранува опасната вегетација, се чистат сливниците, се метат сите површини со специјализирани возила и се подига кабастиот и комуналниот отпад. Секој агол се уредува со цел Клиничкиот центар да добие лик каков што заслужува, објави Ѓорѓиевски.






Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на континуирана грижа, а ваквите акции ќе продолжат и во иднина.

Фото; Фејсбук профил на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Поврзани содржини