ТЕМЕЛКО ОДЛУЧУВАЛ И КОЈ ДА БИДЕ ПОМИЛУВАН?! Ова е партиска агентура во администрацијата, обвинува Наум Стоилковски
Професорот Темелко Ристески, за кого неодамна се откри дека примил хонорар од вкупно 9.000 евра од Министерството за одбрана за правни консултации, а во активностите пријавил и пишување Фејсбук статуси за партиска агитација, веќе три години е дел од Комисијата за помилување на претседателот Стево Пендаровски.
Ова го тврди Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека станува збор за „комисија којашто одлучува кои нинџи и самураи да бидат наградени за послушноста кон диктатурата“.
„Дрскоста на Темелко во неговото признание за извештајот, официјален документ во Министерството за одбрана, за партиски активизам, дрскоста да се признае дека државниот апарат, администрацијата, е злоупотребувана во партиски предизборен систем, лежи во фактот дека Темелко е длабоко вграден во партизираната машина, важен ‘штраф’ во диктатурата!“, пишува Стоилковски на Фејсбук.
„Темелко јавно дрско ви се смее во очи за вистината во содржината на неговиот извештај, уживајќи во позицијата заедно со Јовески обвинителот, да одлучуваат за судбините на луѓе, како комисионери за помилување! Темелко најдрско покажува колку се чувствува безбеден во својата неказнивост, односно дека ништо нема да биде преземено за ова грубо кршење на законот и демократијата!“, коментира портпаролот, во постот во кој тврди декс овој случај мора да биде основа за длабока истрага и расчистување со раширената партиска агентура низ државните институции.