ТЕЛОТО НА МЛАДИОТ НЕГОТИНЧАНЕЦ БИЛО ПРОНАЈДЕНО УШТЕ НА 17 НОЕМВРИ Било непрепознатливо, но без траги на насилство
Како што дознава ,,Фокус”, телото на Миле Тодоров било пронајдено во неготинско, на место каде што немало често движење на луѓе.
Безживотното телото на младиот Миле Тодоров (28) од Неготино, кој беше пријавен за исчезнат во јануари годинава, било пронајдено на 17 минатиот месец, но потребно било подолго време за да се изврши идентификација и обдукција, поради непретпознатливост.
Како што дознава ,,Фокус”, телото било пронајдено во неготинско, на место каде што немало често движење на луѓе. Исто така, првичните неофицијални информации не укажуваат дека смртта завршила како последица на насилство, но сепак проверките сѐ уште траат.
Со месеци наназад по него трагаше неговото семејство и полицијата. Денеска пак неговата сестра на социјалната мрежа Фејсбук објави дека нејзиниот брат е пронајден починат.
„Летај со ангелите, мило наше. Нашите срца ќе останат празни без твојот глас, љубов, добрина, насмевка… Болната е голема, но спомените за тебе ќе останат вечни во нашите срца. Почивај во мир и спокој“ напиша таа.
Погребот на Миле Тодоров ќе се одржи утре на градските гробишта во Неготино.