ТЕЛОТО НА КРАЛИЦАТА ПРИСТИГНА ВО ВЕСТМИНСТЕР Во поворката и Кејт и Меган облечени во црно (ФОТО)
„Завојуваното“ кралско семејство така повторно се обедини, а Кејт и Меган ѝ оддадоа почит на кралицата облечени во црно со едноставни капи и мрежа преку очите.
Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора пристигна во Вестминстерската сала од Бакингемската палата во поворката која траеше триесет и осум минути. Телото на кралицата ќе лежи во Вестминстер во следните пет дена, а оние кои сакаат да ѝ оддадат почит ќе можат да влезат и да го видат ковчегот. Во поворката зад ковчегот на кралицата одеа нејзините синови, принцезата Ана и принцовите Вилијам и Хари.
View this post on Instagram
На принцовите им се придружија нивните сопруги на влезот во Вестминстер; сопругата на Чарлс, Камила, грофицата од Весекс Софи, принцезата од Велс Кејт, и Меган, војвотката од Сасекс, кои пристигнаа со автомобили во истата поворка.
„Завојуваното“ кралско семејство, во овој тажен момент за сите, повторно се обедини, а Кејт и Меган ѝ оддадоа почит на кралицата облечени во црно со едноставни капи и мрежа преку очите.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм