📽 ТЕЛОТО НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ИЗВЛЕЧЕНО ОД УРНАТИОТ ХЕЛИКОПТЕР Во несреќата нема преживеани
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан и уште 7 други лица загинаа во хеликоптерска несреќа во планинска област во близина на границата со Азербејџан.
Спасувачките служби ги извлекле телата на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и на уште 8 лица кои патувале со хеликоптер што се урна вчера во планините на северозападот на земјата, соопшти утринава Црвената полумесечина.
– Во тек е трансферот на телото на загинатите во Табриз, голем град на северозападот на Иран – изјави шефот на Црвената полумесечина за државната телевизија, објавувајќи дека операцијата за пребарување е завршена.
The footage shows the transfer of the bodies of the martyrs by the Iranian Red Crescent Society (IRCS) and army rangers pic.twitter.com/oJtEiEc0U6
— IRNA News Agency (@IrnaEnglish) May 20, 2024
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа во планинска област во близина на границата со Азербејџан, соопштија утринава официјални лица и државни медиуми.
Остатоците од хеликоптерот во кој беа претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан, беа пронајдени рано утринава.
Смртта на Раиси ја потврди потпретседателот Мохсен Мансури во изјава објавена на социјалните мрежи. По трагичната смрт на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, Мансури привремено ќе ја преземе претседателската функција до спроведувањето на новите претседателски избори кои мора да бидат закажани најдоцна 50 дена по смртта на претседателот.
Државната телевизија објави дека на снимките од местото на настанот се гледа како хеликоптерот удрил во врвот на планината, но нема официјални информации за причината за падот.