ТЕЛОТО НАЈДЕНО ВО БЛИЗИНА НА ПОЖАРОТ КАЈ ЛОЗАНОВО НА ОБДУКЦИЈА Полицијата даде детали за 2 пожари во Кумановско
Полицијата информираше и за две пријави за пожари во кумановско.
Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција, соопшти денеска СВР Куманово. Оттаму информираат дека полициските службеници го пронашле починатото лице вчера и дека бил извршен увид и од јавен обвинител.
Полицијата информираше и за две пријави за пожари во кумановско, во село Четирце кој настанал во 14.49 часот, при што биле зафатени стрништа, необработени ниви, поголема површина со лозови насади, како и кровна конструкција на куќа сопственост на Ц.Д. и помошни простории, сопственост на М.Д. и Н.П., како и една напуштена куќа. Во пожарот нема повредени, го изгасила ТППЕ Куманово, увид извршила полицијата.
За вториот пожар во населбата Перо Чичо во Куманово, полицијата била информирана во 15. 18 часот. Таму настанал пожар во помошна просторија, сопственост на Д.С., кој вдишал дим, по што бил пренесен во општа болница Куманово.
3 ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО ЛОЗАНОВО БЛИЗУ КРИВА ПАЛАНКА Изгореа неколку куќи во селото Градец