Телото на актерката која се удави пред синот никогаш нема да биде пронајдено?!

5,206

Веста дека актерката Наја Ривера се удавила пред својот син го шокираше Холивуд.

Наја, ѕвезда на серијата „Гли“, изнајмила бротче со својот син Џоси, но под неразјаснети околности таа испаднала од него за време на пловењето. Спасувачите го нашле детето само во чамецот, а спасувачките служби денеска соопштија дека телото на актерката можеби никогаш нема да биде пронајдено!






Синот на актерката е пронајден како спие во чамецот кој пловел по езерото Пиру, во близина на Лос Анџелес. Четиригодишното дете им рекло на спасувачите дека неговата мајка „скокнала во водата и не се вратила“.

Езерото Пиру е, пренесува американскиот портал ТМЗ, вештачко езеро направено во Националниот парк Лос Падрес. Неговата површина изнесува 500 хектари, додека неговата максимална длабочина е дури 40 метри. Дното е покриено со висока трева и подводна вегетација, затоа е потребно посебно внимание при пливањето, а проѕирноста на водата е мошне мала.

Телата на оние што се удавиле во езерото испливуваат дури по „седум до десет дена“, ако воопшто испливаат, поради што надлежните служби соопштиле дека е можно телото на актерката никогаш да не биде извлечено.

FOTO: Instagram

Поврзани содржини