Tелохранителот на Бритни Спирс изнесе страшни детали: Ѝ даваа тешки лекови поради кои стануваше неразумна

3,030

Фернандо Флорес, поранешен телохранител на поп-пејачката Бритни Спирс, тврди дека пејачката еднаш неделно добивала мешавина од силни лекови еднаш неделно во периодот кога работел за неа, пренесува „Дејли мејл“.

Френандо изјавил дека Бритни примала антипсихотични лекови поради кои „полудувала“. Тој тврди дека секој петок една жена ја посетувала Бритни за да ѝ даде доза на лекови.






– Тоа беа три антипсихотични лекови и таблети за контрацепција – рекол Флорес.

Фернандо работел за Бритни осум месеци во 2010 година. Тој тврди дека во тоа време бил следен и телефонот на пејачката и дека таа никогаш не се осмелила куќата да ја напушта сама. Наводно, тоа било дел од правилата за старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс.

– Тој се јавуваше три или четири пати на ден за да провери што се случува. Ако сакаше нешто, мораше да побара дозвола од него. Деновите ги поминуваше гледајќи телевизија или вежбајќи – раскажал Флорес за британските медиуми.

Инаку, Флорес проговорил откако Бритни јавно се обрати пред судот за контроверзното старателство. Таа рече дека сака да си го врати својот живот и да се стави крај на 13-годишното старателство што нејзиниот татко го има над неа.

Метју С. Розенгарт беше назначен за нејзин нов адвокат во случајот, на местото на Самуел Ингам, кого Бритни го обвини за недостаток на соработка и разбирање.

Бритни и нејзиниот адвокат сè уште немаат поднесено официјално барање за прекинување на старателството, а следното рочиште ќе се одржи на 29 септември во Лос Анџелес.

 

 

Поврзани содржини