🎥 ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ  ГО „СПАСИ“ ЕРДОГАН Турскиот претседател за малку ќе настрадаше од неочекуван „непријател“ 

На интернет кружи видео на кое телохранителот отстранува оса од грбот на турскиот шеф на државата и брутално ја гази со чевел.

1,696

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган доби неочекуван напад од „зад грб“. Го нападна „непријателска“ оса, а го спаси неговиот телохранител со брза реакција.

На интернет кружи видео на кое телохранителот отстранува оса од грбот на турскиот шеф на државата и брутално ја гази со чевел. Шефот на турската држава воопшти не реагира на мешаницата зад неговиот грбот и одржа говор како ништо да не се случило.






„Спасувачката акција“ што трае не повеќе од пет секунди, брзо стана хит на социјалните мрежи.

Поврзани содржини