Тело на маж во распаѓање пронајдено кај Жировница

По овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од ОВР Гостивар и телото било дадено на обдукција. Идентитетот на лицето и причините кои довеле до смртта ќе се утврдат по извршената обдукција.

213

Тело на починат маж е најдено во близина на регионалниот пат што води од Маврово кон Дебар. Засега не се познати идентитетот и причината за смртта. Според првичните информации, телото кога било откриено се наоѓало во фаза на распаѓање.

Од СВР Тетово информираат дека по пријавата вчера околу 15.40 часот, полициски службеници излегле на терен. Во месноста „Жировничко анче“ во близина на регионален пат Дебар-Маврово бил пронајден човечки труп.






По овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од ОВР Гостивар и телото било дадено на обдукција. Идентитетот на лицето и причините кои довеле до смртта ќе се утврдат по извршената обдукција.

Поврзани содржини