ТЕЛМА ПАК ФРЛИ СЕНКА НА ОФИЦИЈАЛНАТА ВЕРЗИЈА ЗА АФЕРАТА „ФЛЕШЕРИ“ Началникот Аземи стои во редот со Оливер Спасовски и го мафтосува
Според информациите на Телма, началникот Аземи интервенирал за 29-годишниот Гентиан Колци. Но, МВР не објаснува каква е врската меѓу Аземи и Колци, кој ја возел колата за која сите знаат дека ја користи синот на заменик министерот за внатрешни работи Буши. И нејасно е зошто реагирал и лажел началникот Аземи, кој, како што се гледа на фотографијата, пред СВР Скопје го пречекал Оливер Спасовски во шпалирот скопски полициски функционери.
Минатиот петок, при посетата на СВР Скопје, на новинарско прашање за случајот „Флешери“, поврзан со автомобил користен од синот на заменикот Назим Буши, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека не се знае кој го возел автомобилот „мерцедес“, но со сигурност знае дека не е Ќерим Буши. Меѓу присутните на прес-конференцијата беше и началникот со советничка функција во СВР Скопје Вулнет Аземи.
Денеска МВР, пак, тврди токму Адеми бил полицискиот функционер кој ги лажел колегите полицајци (МВР тоа го нарече доведување во заблуда) дека мерцедесот на приватна фирма било службено возило, по што полицајците воопшто не го регистрирале случајот и прекршокот, брзо возење и нелегално користење флешери.
Нејасно е зошто началникот Аземи уште тогаш не му кажал на министерот Спасовски за кого интервенирал, за да биде пуштен автомобилот, кој, според МВР не го возел Буши помладиот.
Вака новинарот Миомир Серафиновиќ од Телма ја деконструира официјалната верзија на настанот, според која извесен Г.К., 29-годишен скопјанец, е возачот на автомобилот со таблички 0202. Со оваа регистрација има два автомобила што ги користи синот на Буши, „мерцедес“ од приватна битолска фирма и „ауди А6“ земен под лизинг од банка.
Според информациите на Телма, началникот Аземи интервенирал за 29-годишниот Гентиан Колци. Но, МВР не објаснува каква е врската меѓу високопозиционираниот полициски началник и Колци, кој ја возел колата за која сите знаат дека ја користи синот на заменик министерот за внатрешни работи. И нејасно е зошто реагирал и лажел началникот Аземи, кој, како што се гледа на фотографијата, пред СВР Скопје го пречекал Оливер Спасовски во шпалирот скопски полициски функционери.
Добро упатени извори од МВР велат дека со оваа афера на министерот Спасовски му се задава силен удар од неговите потчинети, кои сакаат да му го урнат авторитетот и да покажат кој е, всушност, главен во ова Министерство.