Телма: 11 лекари позитивни на ковид-19 во Кумановската болница

1,256

Новозаразени се 11 здравствени работници од кумановската болница во изминатово деноноќие, дознава Телма.

Оваа информација за телевизијата ја потврдила и директорката на болницата Снежана Захариева.






Тројца од заболените од корона вирусот се од одделението за рендген, тројца од хирургија, една сестра од гинекологија, еден болничар од инфективно и еден специјализант од инфективното одделение.

Поврзани содржини