Телевизија Словенија: Набавката на респиратори ја „тресе” Владата на Јанша

Според телевизијата со непосредна спогодба и интервенција на функционери од Владата на Јанша, договорено е 220 респиратори да бидат набавени од фирмата „Генепланет“, за кој државата платила 100 отсто аванс во вредност од осум милиони евра, што е за 3,5 пати поскапо од редовната пазарна цена за истите медицински помагала. Медиумите во Словенија информираат дека во сопственичката структура на фирмата „Генепланет“ имало роднини на блиските соработници на Јанша.

897

Словенечката државна телевизија (ТВСЛО)објави документи, преписки и снимени телефонски разговори во кои според медиумот, се слуша гласот на министерот за економија Здравко Почивалшек, како договара која фирма и како треба да го добие тендерот за набавка на заштитна и медицинска опрема, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Во прилогот на Телевизија Словенија, која презентираше докази, се тврди дека набавката на опремата била без тендер односно со непосредна спогодба, а министерот и неговите најблиски соработниците избирале кој ќе го добие тендерот.






Според телевизијата со непосредна спогодба и интервенција на функционери од Владата на Јанша, договорено е 220 респиратори да бидат набавени од фирмата „Генепланет“, за кој државата платила 100 отсто аванс во вредност од осум милиони евра, што е за 3,5 пати поскапо од редовната пазарна цена за истите медицински помагала.

Според овие информации и покрај тоа што опремата била сто отсто платена, државата не добила ни половина од нарачката.

Од истата фирма според доказите на Телевизија Словенија се набавени и заштитни маски за словенечките доктори, а во договарањето на зделката директно бил замешан и директорот на полицијата.
Медиумите во Словенија информираат дека во сопственичката структура на фирмата „Генепланет“ имало роднини на блиските соработници на Јанша.

Одговорност и оставки по прилогот на Телевизија Словенија побараа повеќе политичари меѓу кои и поранешниот премиер Марјан Шарец и поранешниот претседател на Собранието Дејан Жидан, кој изјави дека оставка треба да си поднесе целата Влада на Јанша.

– Тоа не е одговорност само на еден министер. Тоа е начин на функционирање и одговорност на целата Влада. Поради ова ја повикувам целата Влада да си даде оставка, изјави Жидан.

Инаку, за министерот за економија Почивалшек уште вчера беше најавена интерпелација.

Во Словенија веќе е почната и истрага поради тоа што се констатирани измами при набавката на заштитни маски и медицинска опрема потребна во борбата против коронавирусот. Дел од нарачаните и платени маски никогаш не пристигнаа во земјата, а дел биле хартиени односно неупотребливи.

Пред неколку денови, сега веќе поранешниот директор на Заводот за стоковни резерви, кој е во изолација, бидејќи е заразен со коронавирусот, беше разрешен од Владата поради неправилностите при набавките на опремата, а тој со писмо одговори дека за сите склучени договори, било информирано и дало согласност токму Министерството за економија.

Поврзани содржини