ТЕЛЕКОМ СРБИЈА СЕ ШИРИ И ВО ТУРЦИЈА Почна со работа МТЕЛ Турција
Со големо задоволство влегуваме во повеќе милионскиот турски пазар. Длабоко сме убедени дека со разновидната и квалитетна телевизиска понуда ќе ги изненади сите луѓе од нашите простори кои живеат во Турција, но и турското население, бидејќи во понудата имаме и канали на турски јазик, истакна генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ изразувајќи гордост со фактот што Телеком Србија групацијата почнува со нудење услуги и во Турција.
Компанијата МТЕЛ Турција, членка на Телеком Србија групацијата, пред два дена и официјално почна со работа и продажба на услуги во Турција.
Во Турција живеат повеќе од 10 милиони луѓе со потекло од земјите од поранешна Југославија, поради што оваа евро-азиска држава е логичен избор за ширење на Телеком Србија во дијаспората. По Австрија, Германија и Швајцарија луѓето од просторите на поранешна Југославија ќе може да уживаат во каналите кои ги приближуваат кон дома.
– Со големо задоволство влегуваме во повеќе милионскиот турски пазар. Длабоко сме убедени дека со разновидната и квалитетна телевизиска понуда ќе ги изненади сите луѓе од нашите простори кои живеат во Турција, но и турското население, бидејќи во понудата имаме и канали на турски јазик. Нашите корисници ќе може да уживаат во врвна спортска содржина на каналите Арена спорт, но и во филмски и сериските содржина. Се надеваме дека нашите серии во Турција ќе станат популарни, како што се турските кај нас … Телеком Србија во вој момент има повеќе од 210.000 корисници ширум дијаспората и верувам дека тој број само ќе расте. Со своето деловно работење покажавме дека станавме сериозна и успешна европска телекомуникациска компанија – истакна генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ изразувајќи гордост со фактот што Телеком Србија групацијата почнува со нудење услуги и во Турција.
По повод почетокот со работа во Турција, директорот на МТЕЛ Турција, Зоран Драшковиќ со своите соработници ги посети првите бизнис и резиденцијални корисници во Истанбул. Првите корисници на МТЕЛ Турција ги очекува промотивен пакет.
– Три месеци пакетот за добредојде ќе биде бесплатен, а доколку корисниците потпишат договор на 24 месеци тогаш промо пакетот ќе биде на шест месеци – истакнал Драшковиќ.