ТЕЛЕКОМ ЈА УНАПРЕДУВА СВОЈАТА ИТ ПЛАТФОРМА Продавниците нема да работат за викендот, компанијата бара разбирање од корисниците

Од компанијата информираат дека целта на оваа инвестиција е да се обезбеди побрзо и поефикасно опслужување на корисниците, како и да се овозможи на вработените да работат попродуктивно.

1,435

Македонски Телеком информира дека во период од 5 до 6 октомври 2024 година, сите негови продавници низ целата земја ќе бидат затворени за посетители. Исто така, и онлајн продавницата ќе биде недоступна за купување.

Оваа временска ограниченост е неопходна поради имплементација на нова, современа ИТ платформа која ќе овозможи значително подобрување на оперативните процеси во компанијата. Целта на оваа инвестиција е да се обезбеди побрзо и поефикасно опслужување на корисниците, како и да се овозможи на вработените да работат попродуктивно.






„Оваа надградба е важен чекор во нашата стратегија за постојано унапредување на услугите и задоволството на нашите корисници. Со новата ИТ платформа ќе можеме да им обезбедиме уште побрзо и поефикасно сервисирање, како и да им понудиме нови, иновативни решенија“, велат од компанијата.

Компанијата им се извинува на своите корисници за временските ограничувања и ги моли за разбирање. Сите продажни канали, вклучувајќи ги и продавниците и онлајн продавницата, ќе бидат повторно достапни од понеделник, 7 октомври 2024 година.

Поврзани содржини