„Телеграф“ излезе со специфични датуми за финалето во ЛШ и ЛЕ

Се предлага финалето на Лигата на Европа во Гдањск да се игра на 26 август.

209

Финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2019/20 може да се случи на 29 август, пишува британскиот весник „Телеграф“.

Првично, натпреварот за трофејот требаше да се одигра на 30 мај на истанбулскиот стадион Ататурк, но тоа нема да се случи на претходно објавениот датум поради пандемијата од коронавирус. Дуелите во Лигата на шампионите беа стопирани во март во текот на осминафиналната фаза.






До моментов се одиграа само четири од осумте реванш натпревари во Лигата на Европа. Останатите четири натпревари се очекува да се одиграат на 28 или 29 јули, по што се закажани четвртфиналето и полуфиналето.

Се предлага финалето на Лигата на Европа во Гдањск да се игра на 26 август.

Поврзани содржини