ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР РАДЕВ-МИЦОТАКИС Бугарија не сака други да ѝ се мешаат во спорот со Македонија
Меѓу другото тие зборувале за претстојниот ЕУ-самит деновиве во Брисел на кој е неизвесно дали Македонија и Албанија ќе добијат датум за старт на преговорите со Унијата.
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска телефонски му порачал на грчкиот премиер Мицотакис дека проблемот меѓу Македонија и Бугарија може да биде решен само билатерално, а не преку притисок врз бугарската страна, пишува Локално.
– Во однос на процесот на проширување на ЕУ, Радев рече дека европската интеграција на Северна Македонија е во интерес и на Бугарија и на регионот, но бара политичка волја за да се решат отворените прашања со отворен билатерален дијалог меѓу Софија и Скопје, а не преку постојани напори со надворешен притисок врз нашата земја. Само на тој начин нема да се внесат нерешени проблеми во ЕУ, ќе се заштитат европските вредности и ќе се отвори патот на нашиот југозападен сосед кон неговата целосна европска интеграција – му рекол Радев на Мицотакис, според соопштението од Кабинетот на бугарскиот претседател, објави „БНР“.
Меѓу другото тие зборувале за претстојниот ЕУ-самит деновиве во Брисел на кој е неизвесно дали Македонија и Албанија ќе добијат датум за старт на преговорите со Унијата.