ТЕЛЕФОНОТ СЕ ПОЛНИ ДОДЕКА Е НА МАСА „Икеа“ претстави интересен полнач (ВИДЕО)
„ИКЕА“ информира дека уредот сам ја контролира температурата за да не се прегрее, што е важно бидејќи се става под дрвена маса.
„Икеа“ го претстави „Sjömärke“, уред за безжично полнење таблет или батерија на телефон, кој ќе работи на секое биро.
„Sjömärke“ не е поставен на масата, туку под масата.
Масата мора да биде направена од дрво или пластика за да не го наруши и блокира магнетното поле и мора да биде со минимална дебелина до 22 мили метри.
Кога уредот е поставен под масата, само ставете го телефонот на иксот што го означува местото за полнење и вашиот телефон се полни.
„Икеа“ информира дека уредот сам ја контролира температурата за да не се прегрее, што е важно бидејќи се става под дрвена маса.
Овој уред во продавниците ќе може да се купи од октомври и чинат 40 долари.