ТЕЛА ВО МОБИЛНИ ФРИЖИДЕРИ, ДЕЦА НА РЕСПИРАТОРИ Што се случува со коронавирусот во САД?
Здравствените власти велат дека неколку болници во Јужна Каролина, Тексас, Луизијана и Флорида немаат доволно кислород. Некои користат резерви, а некаде речиси и да ги немаат.
Бројот на починати од вирусот ковид-19 се зголеми во 42 американски држави во текот на минатата недела. Ширењето на делата сојот ги загрижи официјалните лица, па многу болници ги прошируваат своите капацитети, а лекарите се плашат од сценариото што ги очекува наесен.
Во дури 14 федерални држави, бројот на смртни случаи минатата недела се зголеми за 50 проценти, додека другите држави забележаа раст од 10 проценти, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс. Во Алабама, која во моментов е најтешко погодена, има сѐ повеќе пациенти на кои им е потребен болнички третман, а службениците беа принудени да активираат мобилни фрижидери за чување на телата на починатите, бидејќи секој ден има сѐ повеќе смртни случаи, пренесува Си-Ен-Ен.
За прв пат од почетокот на пандемијата, два од четирите фрижидери што ги има Алабама се користат.
– Имаме фрижидери во случај на страшни несреќи, кога имате голем број жртви одеднаш. Тоа е она што се случува сега во болниците во Алабама. Многу луѓе умираат и немаме каде да ги складираме нивните тела. Ситуацијата е навистина тешка. Не знам колку долго ќе издржиме вака – рече д-р Скот Крис.
Тој рече дека Алабама регистрирала 50 смртни случаи само во четвртокот, и дека бројот на смртни случаи е двојно зголемен во последните две до три недели.
И децата се разболуваат
Околу 5.571 случаи на новозбаолени се деца кои се регистрирани во Алабама во минатата недела, а сѐ уште не е јасно како се заразиле. Харис наведува дека има зголемување на бројот на детски случаи од минатата година. Според него, од 2.879 хоспитализирани, 45 се деца, а пет од нив се на респиратор.
Во Луизијана, ситуацијата „малку се смирува“. Тие забележаа пад на бројот на пациенти од 20% во последните десет дена. Ова ги утешува официјалните лица, бидејќи државата е погодена од ураган, и тие не можат да ги евакуираат болниците.
Во Луизијана има 475 пациенти на респиратор, и според гувернерот Џон Бел Едвардс, се вршат агрегатни проверки, а резервите се надополнуваат за да нема проблеми кога ќе пристигне бурата.
– Ова ќе биде предизвик, и ни треба помош за болниците да го истуркаат ова. На сето ова, најверојатно, ќе имаме луѓе повредени во бурата, и мора да бидеме подготвени за прием во болниците – рече гувернерот.
На југ, снабдувањето со кислород е минимално
Многу болници низ САД се соочуваат со недостаток на персонал и слободни кревети, а во јужните држави има уште еден сериозен проблем – недостаток на кислород.
Здравствените власти велат дека неколку болници во Јужна Каролина, Тексас, Луизијана и Флорида немаат доволно кислород. Некои користат резерви, а некаде речиси и да ги немаат.
– Како што се шири ковдиот, така моравме да се развиваме и управуваме, а порано ги стававме пациентите на голем проток на кислород, наместо на респиратор – вели Дона Крос, директорка на компанијата Премиер, која се занимава со подобрување на здравствениот систем.
Таа наведува за Си-Ен-Ен дека зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од ковид-19 доведе до поголема побарувачка за кислород, бидејќи многу болници трошат огромни количини.
Вирусот брзо се шири
Сите 50 држави бележат висок процент на пренос, особено откако децата се вратија на училиште, според податоците од Центрите за контрола и превенција на болести. Податоците покажуваат дека половина од државите вакцинирале најмалку 50 проценти од населението со двете дози. Меѓу нив се Калифорнија, Колорадо, Делавер, Њу Џерси, Њујорк … Во целата земја, околу 32 проценти од населението на возраст од 12 до 17 години ги примиле двете дози на вакцината, а околу 86 проценти ја примиле првата доза.
Експертите се надеваат дека поголем процент од вакцинациите ќе влијаат на преносот на инфекцијата и ќе ги намалат трагичните исходи.
Сѐ повеќе заразени ученици
Враќањето на училиште им донесе главоболка на многу од здравствените лица бидејќи многу голем број ученици се заразија со коронавирусот. Превентивни мерки, како што е карантинот, се применуваат во речиси сите федерални држави. Во Мисисипи, само речиси 29.000 ученици беа ставени во карантин помеѓу 16 и 20 август, поради можна изложеност на вирусот корона, додека тој број беше нешто повеќе од 20.000 помеѓу 9 и 13 август.
Од почетокот на август, 2.383 случаи се регистрирани во Мисисипи кај вработените, и 11.766 кај учениците.
Во Калифорнија, во Лос Анџелес, синдикатот на училишта објави во петокот 2.847 заразени меѓу учениците и вработените. Како што е наведено, од вторникот, 3.000 ученици и 500 вработени во училиштата мораа да отидат во изолација, а исто толкав број мораа да одат во карантин.
– Очекуваме дека бројките ќе продолжат да растат додека отвораме училишта, но ние сѐ уште работиме на превенција, ја следиме ситуацијата и реагираме во согласност со ситуацијата – рече д-р Барбара Ферер, директор на Институтот за јавно здравје на округот Лос Анџелес.
И додека бројките се очекува да растат понатаму, некои болници веќе ги одложуваат операциите за да направат простор за пациентите со ковид-19.