ТЕКСТОТ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР НЕ Е ЗАКОНСКИ Правда знае што бараат матичарите

Министерот за правда Никола Тупанчески и директорот на УВМК Блерим Абази се договориле за тоа како да тече унапредувањето на врабогтените во Управата за матична евиденција. 

133

Министерството за правда соопшти дека е запознато со барањата на Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги и информира дека не може да го потпише предложениот колективен договор бидејќи е противзаконски. Дополнително, од Министерството информираа дека ќе се преземат активности за интерно унапредување на вработените во Управата.

Оттаму информираат дека средба со синдикатот е остварена на 19 април, а на неа било заклучено дека треба да се преработи текстот на новиот колективен договор, бидејќи предложениот не е во согласност со законот за административни службеници и Законот за буџет.






„Одредбите во предложениот текст на Колективниот договор излегуваат од рамките на Законот за административни службеници.Барањето за зголемување на бодувањето на вработените според квалификации за 60 бода за секое ниво, како и предвидување на четири секретари во Управата е спротивно на Законот за административни службеници. Во текстот на Колективниот договор се предвидени додатоци на плата, а основната плата на вработен во УВМК за посебни услови за работа се зголемува за 30 со што ќе се зголемат средствата предвидени во буџетот на УВМК. Таков договор, кој предвидува излегување од износот на предвидени средства е незаконски и за тоа се предвидени санкции согласно Закон за Буџети на РСМ“ , се наведува од Министерството за правда.

Од Министерството информираат и дека вчера средба имале и министерот за правда Никола Тупанчески и директорот на УВМК Блерим Абази.

„Договорено е да се подобри комуникацијата меѓу синдикатот и раководството на УВМК како и да се разгледа можноста за интерни унапредувања  и дополнителната мотивација на вработените а се со цел, подобрување на услугите на граѓаните за добивање документи“ се наведува во соопштението од Правда.

Поврзани содржини