Технологијата оди напред, ама Русите претераа – изработија робот од Доналд Трамп кој зборува руски (ВИДЕО)

За да го вклучат роботот, потребно е да му го отворат „мозокот“ на Трамп, а како што можете да забележите, гласот е идентичен на оној на поранешниот претседател.

785

Во време кога технологијата, а вклучително и роботиката, е во подем на светско ниво, една руска компанија реши да изработи нешто што досега на малкумина им успеало. Имено, на социјалната мрежа Тик-ток се појави видео од робот со изглед на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, а интересно е тоа што тој зборува руски јазик.

За да го вклучат роботот, потребно е да му го отворат „мозокот“ на Трамп, а како што можете да забележите, гласот е идентичен на оној на поранешниот претседател. Тој е облечен во костум, носи и машна, а погодена му е и фризурата. Или периката?!






Погледнете за што станува збор:

@freeart_nskСнос крыши, процесс работы и пророчество робота-Трампа… ##техновости ##предсказание ##робот ##freeart_nsk ##robot ##props ##workshop

♬ Coffee for Your Head – Vinyll

Поврзани содржини