ТЕХНО АЛПИН ОД ЈУЖЕН ТИРОЛ ЌЕ ГО ПРАВИ СКИ-ЦЕНТАРОТ НА ПОПОВА ШАПКА Владата го прифати договорот за стратешко партнерство

Сега веќе можеме да ја споделиме информацијата дека добивме сериозна понуда од страна на реномираната европска компанија од Јужен Тирол, Техно Алпин којашто е светски лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признат експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони и со 30 годишно искуство – вели министерот Нуредини.

1,101

На денешната седница Владата го прифати предлог-проектот за стратешка инвестиција во ски-центарот Попова Шапка, информира министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

– Сега веќе можеме да ја споделиме информацијата дека добивме сериозна понуда од страна на реномираната европска компанија од Јужен Тирол, Техно Алпин, којашто е светски лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признат експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони и со 30-годишно искуство, 16 зависни друштва низ светот и со 600 вработени. Оваа компанија, по направеното истражување, понуди амбициозен план за развој, иновации и развој на ски-центарот Попова Шапка, кој се карактеризира со модернизација на постоечката ски-зона и нејзино територијално проширување, подобрување на примарната инфраструктура неопходна за развој на областа, со квантитативни и квалитативно подобрување на туристичко-сместувачката дејност, со вклучување нови капацитети за прилагодување на туристичката понуда на актуелните барања на туристичкиот пазар и со нејзино проширување – наведе министерот Нуредини.






Тој информираше дека станува збор за амбициозен проект, чија вкупна вредност изнесува 186 милиони евра и кој вклучува реновирање на постоечките капацитети, поставување систем за правење снег, проширување на сегашната скијачка зона со нови објекти и патеки, реновирање и проширување на хотелите, изградба на нови хотелски капацитети, изградба на асфалтни паркиралишта, велосипедски патеки и креирање на други рекреативни активности, со што овој центар ќе доби можност да се вброи во најмодерните европски зимски центри.

– Станува збор за голем инвестициски проект што е резултат на нашите напори да ги заштитиме природните вредности на начин со кој покрај максимална заштита ќе обезбедиме услови за социо-економски развој и можност нашите природни убавини да бидат атрактивни, европски и да привлекуваат туристи од целиот свет, да ѝ носат приход на државата, а за граѓаните да отвораат нови работни места и нови економски можности – рече министерот Нуредини.

Инвестицијата треба да се реализира почнувајќи од 2023 година, во 6 инвестициски фази, од кои првата изнесува приближно 55 милиона евра, информира министерот за заштита на животната средина.

 

ЗА ПОПОВА ШАПКА СЕ ПОТРЕБНИ МНОГУ ПАРИ, АМА И ПОДОБАР ПЛАН Експерт ги открива слабостите на Мастер планот и предлага решенија (АНАЛИЗА)

 

Поврзани содржини