ТЕХНИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ НЕ ЗАПРЕЛЕ СЀ Додека траел прекинот биле попишани 10 илјади граѓани

820

Во претпладневните часови се појавија спорадични и локациски изолирани проблеми при  процесот на попишување на населението на терен, соопштуваат од Државниот завод за статистика.

Во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционираше и одреден број на попишувачи не можеа да попишуваат. Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми кои се резултат на поголем број паралелни сесии.






Колку за илустрација,  во тие 2-3 часа додека траеја техничките проблеми, беа попишани речиси 10 илјади лица на целата територија на државата, велат од Статистика.

 

Поврзани содржини