ТЕХНИЧКИОТ ПРЕМИЕР РЕШИЛ ТЕХНИЧКИ ДА ГИ СПАСИ КРИМИНАЛЦИТЕ Џафери е заштитник на криминалот констатиран од САД, обвини Беса

Многу бргу на ДУИ им паднале маските. На виделина е фактот дека техничкиот премиер Талат Џафери решил технички да ги спаси криминалците потврдени и од САД, соопшти Беса.

1,221

Талат Џафери го повлече законот со кој треба да се казнат сите оние функционери и бизнисмени на владата на СДСМ – ДУИ, кои САД ги ставија на црната листа поради нивната вмешаност во финансиски криминал, главно со злоупотреба на позициите и се збогатија на грбот граѓаните, обвини Беса преку соопштение.

„Многу бргу на ДУИ им паднале маските. На виделина е фактот дека техничкиот премиер Талат Џафери решил технички да ги спаси криминалците потврдени и од САД. Тоа докажува и еден факт, дека Талат Џафери е секогаш тука каде што мора да се брани ДУИ и нејзиниот криминал. Кога требаше во Собранието да се блокираат закони во интерес на ДУИ и на штета на Албанците беа тука, сега е потребно во Владата, бидејќи таму ќе ги штити криминалите“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини