TЕХНИЧКИ ЗАФАТИ НА СТРУЈНАТА МРЕЖА НА 4 УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ Корисниците неколку часа нема да имаат струја
Од 08:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. 3-та Македонска Бригада, поточно објектите во околината на СУГС Владо Тасевски, во Општина Аеродром.
РЦУК Скопје соопшти дека од ЕВН Македонија АД е добиено известување дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре без електрична енергија ќе останат повеќе улици во неколку населби во Скопје.
Од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Јосиф Јосифовски Свештарот во Општина Центар.
Без струја од 08:00 до 15:00 часот, ќе бидат корисниците од улиците 1 , 2, и 3 во село Долно Лисиче, Општина Аеродром.
Од 08:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. 3-та Македонска Бригада, поточно објектите во околината на СУГС Владо Тасевски, во Општина Аеродром.
Од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од дел од ул. Црногорска во Општина Ѓорче Петров.