🎥 ТЕХЕРАН СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ УПОТРЕБИ ДОСЕГА НЕВИДЕНО ОРУЖЈЕ Израел изврши втор бран напади врз Иран

Во писмото од Иран до Обединетите нации Техеран наведува дека ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана одлучно и без одлагање сè додека агресијата целосно и безусловно не прекине.

1

Иран попладнево најави уште посилен одговор врз Израел и американските бази на Блискиот Исток.

Командантот на Иранската револуционерна гарда, Ебрахим Џабари, изјави дека наскоро ќе следи употреба на невидено оружје, објави иранската државна телевизија.






Три извори изјавија дека во израелските напади загинале иранскиот министер за одбрана Амир Насирзаде и главниот командант на Револуционерната гарда, Мохамед Пакпур.

Првиот бран напади во операццијата што Пентагон ја нарече „Епски бес“ беше насочен главно кон иранските функционери, изјави извор запознаен со ситуацијата.

Во меѓувреме, вториот напад попладнево беше насочен кон ракетни лансери во Иран.

Израел и САД го почнаа нападот два дена откако индиректните разговори посредувани од Оман во Женева не донесоа напредок, односно, Иран одби да се откаже од нуклеарната програма.

Иранските државни медиуми објавија снимки на кои наводно се гледа траекторијата на ракетите испукани кон американската база. Видеата ги прикажуваат трагите на ракетите на небото додека се движат кон нивната цел.

 

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, упати писмо до генералниот секретар на Обединетите нации и до претседателот на Советот за безбедност на ОН, пренесува новинската агенција ИРИБ.

Во писмото Иран наведува дека ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана одлучно и без одлагање сè додека агресијата целосно и безусловно не прекине.

„Воздушните напади извршени од Соединетите Држави и израелскиот режим се јасно кршење на Членот 2, став 4 од Повелбата на ОН и претставуваат чист пример за вооружена агресија против Исламската Република Иран. Како одговор на овој акт на агресија, Исламската Република Иран го користи своето вродено и легитимно право на самоодбрана во согласност со Членот 51 од Повелбата на ОН. Вооружените сили на Исламската Република Иран ќе ги искористат сите неопходни одбранбени капацитети и средства за да се соочат со оваа криминална агресија и да ги одвратат непријателските дејства. Соодветно на тоа, сите бази, постројки и имот на непријателските сили во регионот ќе се сметаат за легитимни воени цели во рамките на остварувањето на правото на самоодбрана на Иран“, наведува Иран во писмото до ОН.

Поврзани содржини