ТЕХЕРАН ИМ СЕ ЗАКАНИ НА САД И НА ИЗРАЕЛ Арагчи го предупреди Трамп што следува ако Иран повторно биде нападнат

Коментарите на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, веројатно се однесуваат на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно се закани дека ќе ја уништи нуклеарната програма на Исламската Република ако таа продолжи со атомските активности, по серијата американски напади минатиот месец.

698

Иранскиот министер за надворешни работи во понеделникот предупреди дека земјата ќе одговори „на поодлучен начин“ доколку САД и Израел повторно ја нападнат, објави Тајмс оф Израел.

Коментарите изгледа се однесуваа на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно во текот на денот се закани дека ќе ја „уништи“ нуклеарната програма на Исламската Република ако таа продолжи со атомските активности, по серијата американски напади минатиот месец.






„Ако агресијата се повтори, нема да се двоумиме да реагираме на поодлучен начин и на начин кој не ќе може да се прикрие. Ако има загриженост за можната пренамена на нашата нуклеарна програма во немирнодопски цели, ‘воената опција’ се покажа како неефективна, но можно е решение преку преговори“, напиша иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, на социјалната мрежа Икс.

Сѐ уште не е јасно колкава штета предизвикале американските напади врз нуклеарните постројки во Техеран, кои следеа откако Израел започна неочекувана кампања на бомбардирање со цел, како што соопштија израелските власти, да го спречи Иран да дојде до атомско оружје.

За време на 12-дневната војна, Иран возврати со ракетни напади врз израелски градови, како и со напад врз американска база во Катар, на што Трамп претходно реагираше со рамнодушност.

За време на посета на Шкотска во понеделникот, Трамп изјави дека претходните напади врз Иран „ги уништиле нивните нуклеарни можности“ и дека Иран испраќа „гнасни сигнали“.

– Можат да започнат повторно. Ако го сторат тоа, ќе го уништиме побргу одошто можете да мрднете со прст – додаде тој.

Пред почетокот на војната, САД и Иран беа во длабоки несогласувања околу збогатувањето на ураниум, при што Техеран го сметаше тоа за „неприкосновено право“, а Вашингтон го нарекуваше „црвена линија“.

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) наведува дека Иран е единствената земја без нуклеарно оружје што моментално збогатува ураниум до 60% – што е само чекор до 90%, потребни за изработка на нуклеарна бомба.

Техеран, кој постојано негира дека има амбиции за атомска бомба, изјави дека е отворен за разговори за степенот и за нивото на збогатување, но не и за самото право на збогатување.

Во својот пост, Арагчи напиша: „Ниеден разумен човек не би се откажал од плодовите на огромната инвестиција во домашна и мирољубива технологија само поради странско малтретирање.“

Поврзани содржини