ТЕХЕРАН ГИ ОБВИНУВА САД ЗА ЛАГИ Арагчи негира тајни контакти со Витоф

Иранскиот министер за надворешни работи ги отфрли тврдењата за нови дипломатски контакти со американски претставник, оценувајќи ги како обид за манипулација на јавноста и нафтените пазари.

70

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи негира дека во последните денови имал директни контакти со американскиот претставник Стив Виткоф, обвинувајќи ги властите во САД дека шират дезинформации.

Арагчи изјави дека последната комуникација меѓу двајцата се случила пред Вашингтон да одлучи да ги прекине дипломатските напори и да започне, како што рече, „нелегален воен напад“ врз Иран.






– Секое тврдење дека сум бил во контакт со Виткоф има за цел да ги доведе во заблуда трговците со нафта и пошироката јавност – нагласи иранскиот министер.

Претходно, американскиот портал Aксиос објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека меѓу Виткоф и Арагчи имало размена на пораки во последните денови, со фокус на можностите за прекин на конфликтот.

Тврдењата за евентуални дипломатски контакти доаѓаат во период на зголемени тензии на Блискиот Исток и неизвесност на нафтените пазари.

Поврзани содржини