Тедрос: Ова нема да биде последната пандемија

Кога ќе дојде следната пандемија, светот мора да биде подготвен, односно поподготвен од што беше овојпат - потенцираше генералниот директор на СЗО.

1,081

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека светот мора да биде подобро подготвен за следната пандемија, повикувајќи ги земјите да инвестираат во јавното здравство.

– Ова нема да биде последната пандемија – рече Тедрос на брифинг во Женева.






Тој истакна дека историјата нè учи дека епидемиите и пандемиите се животни факти.

– Но, кога ќе дојде следната пандемија, светот мора да биде подготвен, односно поподготвен од што беше овојпат – потенцираше Тедрос.

Поврзани содржини