Тедрос: Нема опуштање, трае битката со ковид-19

Доколку престанеме да се бориме на кој било фронт, вирусот повторно ќе ни се истури врз нас - рече генералниот директор на СЗО.

188

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адана Гебрејесус денеска испрати апел до земјите низ светот да не се откажуваат од борбата против коронавирусот и да продолжат со одлучните антипандемиски напори и покрај намалените бројки на новоинфицирани, што во континуитет траат пет недели.

Тедрос потврди дека од почетокот на годината, неделните пресеци за нови случаи на ковид-19 покажуваат пад од речиси 50 проценти и потсети дека од 4 јануари, неделата во која имаше повеќе од пет милиони нови случаи на заразени, на почетокот на минатата недела, на 8 февруари, неделниот број на инфекции се намали на 2,6 милиона, пренесе Тасс.






– Тоа ни потврдува дека примената на јавните анти-епидемиски мерки дава резултати дури и кога се соочуваме со повеќе варијанти на коронавирусот. Сега е важно како да одговориме на овој тренд. Пожарот не е изгаснат, но успеавме да го намалиме. Доколку престанеме да се бориме на кој било фронт, вирусот повторно ќе ни се истури врз нас – рече генералниот директор на СЗО.

Поврзани содржини