ТЕЧЕ РОКОТ ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ПОНУДАТА Комисијата за хартии од вредност дозволи да се спојат Комерцијална и Стопанска банка Битола

Понудата за преземање се однесува на 390.977 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка  Битола, кои претставуваат 100% од основната главнина на  банката. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 3.200 денари по акција.

163

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска ѝ издаде дозвола на Комерцијална банка за давање понуда за преземање на Стопанска банка Битола.

Понудата за преземање се однесува на 390.977 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка  Битола, кои претставуваат 100% од основната главнина на  банката. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 3.200 денари по акција.






– Согласно Понудата за преземање, а според Законот за преземање на акционерски друштва,  преземачот утврдил најмала количина на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде прифатена за понудата да се смета за успешна, односно понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 261.956 обични акции кои претставуваат 67% плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола. Рокот за прифаќање на понудата за преземање започнува да тече од денот на првото објавување на понудата за преземање и изнесува 28 календарски дена – информира КХВ.

Комерцијална банка на 13-ти месецов објави дека нуди 3.200 денари по акција за преземање на Стопанска банка АД Битола, откако од Народната банка и била издадена претходна согласност за стекнување капитален дел од 100% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола.

 

Поврзани содржини