ТЕЧАТ РОКОВИТЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ Управата за јавни приходи очекува 40.509 пријави

Рокот за пријавување ДДВ (образец-04) е од денеска до 25 јули.

631

Од денеска до 25 јули се поднесува пријавите за Данокот на додадена вредност ( образец ДДВ – 04), соопшти Управата за јавни приходи.

Од УЈП ги повикуваат фирмите да го искористат раното поднесување на пријавата со што обврзниците порано и ќе дознаат дали пријавата е примена, и обработена без грешки, ќе го платат данокот и порано ќе можат да побараат враќање на ДДВ..






– Рокот од 30 дена за враќање на ДДВ почнува да тече од денот кога сте го доставиле образецот со искажаното барање за враќање – велат од УЈП.

Оттаму додаваат дека во рокот очекуваат 40.509 пријави за ДДВ.

Поврзани содржини