ТЕ-ТО УПАТИ ПОРАКА ДО ВЛАДАТА Ќе работиме со загуба!

Испораката на топлинска енергија од ТЕ-ТО АД Скопје само делумно го решава проблемот на БЕГ АД Скопје. За комплетно решавање на проблемот е неопходно дополнително финансирање на БЕГ АД Скопје“, се наведува во соопштението од компанијата.

1,776

Согласно постоечкиот договор за набавка на природен гас кој ТЕ-ТО АД Скопје го има со важност до 31.01.2022 година, производната цена на електричната енергија од неговата постројка, со вклучен трошок за произведена, но ненаплатена топлинска енергија изнесува 270 EUR/MWh без вклучен ДДВ, соопштија од ТЕ-ТО АД Скопје, велат од компанијата.

„Во случај на наплата на топлинската енергија, производната цена на електричната енергија од ТЕ-ТО АД Скопје изнесува 251 EUR/MWh без вклучен ДДВ. Продажба на електрична енергија под производната цена означува работење во загуба на ТЕ-ТО АД Скопје.






Притоа, напоменуваме дека испораката на топлинска енергија од ТЕ-ТО АД Скопје само делумно го решава проблемот на БЕГ АД Скопје. За комплетно решавање на проблемот е неопходно дополнително финансирање на БЕГ АД Скопје“, се наведува во соопштението од компанијата.

Владата попладнево информираше дека се обезбедени дополнителни количини електрична и топлинска енергија од АД ТЕ-ТО Скопје.

„Со оваа одлука се предвидува дополнителните количини на електрична енергија да се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 05:00 часот наутро до 01:00 часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати. Оваа дополнително произведена количина електрична енергија ќе ја откупува АД ’Електрани на Северна Македонија‘ Скопје со сопствени средства. Одлуката стапува во сила денеска и ќе важи до 31.01.2022 година“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини