🎥 ТЕЈЛОР СВИФТ ТРИУМФИРАШЕ НА МУЗИЧКИТЕ НАГРАДИ АЈ ХАРТ РЕЈДИО Поп ѕвездата постави нов рекорд со седум признанија во една вечер

Поп-ѕвездата ја потврди својата доминација на музичката сцена со нов рекорд на престижните iHeartRadio Music Awards. Големата музичка вечер донесе признанија за најслушаните артисти, хитови и турнеи на годината

0

Поп-ѕвездата Тејлор Свифт беше апсолутен победник на овогодинешните iHeartRadio Music Awards, освојувајќи дури седум престижни признанија и уште еднаш потврдувајќи ја својата доминација на светската музичка сцена.

Свифт триумфираше во некои од најважните категории, меѓу кои артист на годината и турнеја на годината, благодарение на нејзиниот глобален успех и огромната популарност кај публиката.

Пејачката, која се појави во придружба на својот вереник Тревис Келси, најпрво ја прими наградата за најдобар поп-албум за „The Life of a Showgirl“.

Во својот говор, таа емотивно му се заблагодари токму нему, истакнувајќи дека албумот е исполнет со радост и слобода благодарение на љубовта што ја чувствува во приватниот живот.

Вечерта продолжи во знак на нејзината доминација, откако доби уште шест награди, меѓу кои за изведувач на годината, албум на годината и најдобар текст.

Церемонијата, која ја водеше Лудакрис, понуди богата музичка програма, награди освоија и други големи музички имиња кои ја одбележаа изминатата година.

Меѓу нив се најде Ес-Зи-Еј (SZA), која беше наградена за својот силен R&B израз и хитови што доминираа на стриминг платформите, како и Дрејк (Drake), кој повторно се најде меѓу најнаградуваните благодарение на својата константна популарност.

Значајни признанија доби и Морган Волен (Morgan Wallen) во кантри категориите, како и Ајс Спајс (Ice Spice), која продолжува да се наметнува како едно од новите имиња на сцената.

Во поп категориите, силно присуство имаа и Дуа Липа (Dua Lipa) и Оливија Родриго (Olivia Rodrigo), кои со своите хитови ја одбележаа церемонијата и топ листите во текот на годината.

Вечерта ја одбележаа и други музички ѕвезди. Мајли Сајрус ја доби наградата за иноватор, додека Џон Меленкемп беше прогласен за музичка икона. На сцената настапија и Реј, Келани, како и легендарните групи „Ти-ел-си“, „Солт-ен-Пепа“ и „Ен Вог“.

Поврзани содржини