📽 ТЕЈЛОР СВИФТ ГО РАСПОЛОЖИ ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ Играше и пееше на концертот на „Вембли“

521

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт го започна лондонскиот дел од нејзината турнеја Ерас на распродадениот стадион „Вембли“ во петокот вечерта, а на концертот присуствуваше и принцот Вилијам.

Тој на 21 јуни наполни 42 години и ноќта, во чест на својот роденден, со своите деца принцот Џорџ и принцезата Шарлот уживаше и се забавуваше на концертот на стадионот „Вембли“ во Лондон, а пред почетокот на концертот членовите на британското кралско семејство се фотографираа со пејачката.






Палатата Кенсингтон на Икс ја објави фотографијата: „Ти благодариме Тејлор Свифт за убавата вечер“.

На снимката од концертот се гледа како Вилијам во еден момент ужива во ритамот на песната на Тејлор „Shake it Off“. Принцот изгледа опуштено и весело, во вистинско роденденско расположение..

„Вилијам заслужува да се опушти бидејќи имаше тешка година“, е еден од безбројните коментари за однесувањето на Вилијам.

@kkinldn

Shake it off Prince William #princewilliam #erastourtaylorswift #erastour #whiteclawuk

♬ original sound – KK

 

Поврзани содржини