Тејлор Свифт јавно го поддржа Џо Бајден, тој ѝ се заблагодари ФОТО

464

Поп ѕвездата Тејлор Свифт го поддржа демократот Џо Бајден на претстојните претседателски избори во САД.

Бајден, со Камала Харис како кандидатка за потпретседателка, се обидува да го смени Доналд Трамп на изборите на 3 ноември.






– Гордо ќе гласам за Џо Бајден и Камала Харис на овогодинешните претседателски избори. Под нивно раководство, верувам дека Америка има шанса да го започне многу потребниот процес на исцелување – рекла Свифт за „В магазин“.

„Промената што ни е најмногу потребна е да избереме претседател кој знае дека луѓето со различна боја на кожата заслужуваат да се чувствуваат безбедни и застапени, дека жените заслужуваат право да изберат што да прават со своето тело и дека ЛГБТ заедницата заслужува да биде признаена и да се чувствува вклучено“, додала пејачката.

– Секој заслужува влада која сериозно ги сфаќа глобалните здравствени ризици и на прво место ги става животите на луѓето. Единствениот начин да започнеме да ги поправаме работите е да избереме водачи кои се подготвени да се соочат со тие проблеми и да пронајдат начин да ги решат – рече Свифт.

Бајден ѝ одговори на Свифт на Твитер: „Тејлор – Ти благодарам за поддршката и заради тоа што зборуваш во овој клучен момент во историјата на нашата нација.“

ФОТО: Твитер

 

Поврзани содржини