ТЕЈЛОР СВИФТ ЈА ПРИМИЛА ДОМА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЖАРИТЕ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС Зои Кравиц признава дека „уништила“ дел од домот на пејачката

Зои Кравиц открива дека нејзината блиска пријателка, исто толку славната Тејлор Свифт великодушно ѝ го понудила својот простран дом во Беверли Хилс кога смртоносните пожари беснееја низ Калифорнија претходно оваа година - а таа целосно уништила дел од куќата на пејачката

135

За време на гостувањето во емисијата „Доцна навечер со Сет Мејерс“ (Late Night With Seth Meyers), Зои Кравиц раскажала дека 14-кратната добитничка на Греми ја отворила својата раскошна вила во Беверли Хилс од 25 милиони долари за неа и нејзината позната мајка, Лиза Бонет во периодот кога смртоносните пожари беснееја низ Калифорнија претходно оваа година.

– На крајот моравме да останеме таму околу две недели – рече актерката од „High Fidelity“, додавајќи дека со нив била и змијата на нејзината мајка, Орфеј.






– Тејлор ја има оваа прекрасна куќа. Таа е од 30-тите години, нешто што сакате да го зачувате и да се грижите за неа.

Актерката раскажа дека иако се обидува да биде „добра гостинка“ која ги остава „местата подобри отколку што ги нашла“, таа на крајот случајно „уништила“ дел од скапиот дом на пејачката.

Имено, додека таа и мајка ѝ ја чистеле куќата пред да ја напуштат на крајот од нивниот престој, актерката од „Бетмен“ добила повик од нејзината мајка.

Откако ја барала својата мајка некое време, Кравиц ја нашла Бонет „свиткана во аголот на овој чуден начин“ во бањата на горниот кат.

– Ѝ јас ѝ реков, Што се случува човече? А таа ми одговори: Значи, го миев лицето и го имав Орфеј и само ја спуштив на секунда. Ја затворив вратата и таа најде мала дупка во аголот –  објаснила таа.
Кравиц, 36, објаснила дека во просторијата имало клупа вградена во ѕидот и во ѕидот имало мала дупка – во која била заробена змијата.

Ја започнале својата мисија за спасување кога Бонет ја зграпчила опашката на нејзината змија. Сепак, притисокот од ситуацијата ги натерал двете да влезат во „панична“ состојба, поттикнувајќи ја змијата да се протне подлабоко во ѕидот.

На крајот, Кравиц го повикала управникот на куќата на Свифт, кој дошол опремен со лопатка за да ја извади клупата.

– Ги кршевме плочките. Ги копавме ѕидовите – се потсети таа. Целосно ја уништив бањата на Тејлор и токму во тој момент си помислив: Или ќе ја уништиме нејзината бања или ќе морам да ѝ кажам дека има змија некаде во нејзината куќа.
– Му реков на нејзиниот управник: Секако, ќе платам за сè да се поправи. Те молам, само не кажувај ништо додека не се поправи.

Но, кога Кравиц ја повикала Свифт, нејзината долгогодишна пријателка, за да ја објасни ситуацијата, пејачката на „Fortnight“ веќе била запознаена.

– Се сеќавам дека ја повикав и реков: Еј, сакав да разговарам со тебе за нешто. А таа ми рече: Дали е за тоа што речиси изгуби змија во мојата куќа и ми ја уништи бањата?
Кравиц е блиска пријателка со пејачката на „Wildest Dreams“ повеќе од една деценија, а во последниве години се зближиле уште повеќе.

Актерката е позната по соработката со пејачката на нејзиниот албум од 2022 година, „Midnights“. Кравиц ги напиша песните „Karma“ и „Lavender Haze“ – па дури и ги свиреше придружните вокали.

Поврзани содржини