📷📽️ ТЕЈЛОР СВИФТ ЈА ФРЛИ СКРШЕНАТА ПОТПЕТИЦА ВО ПУБЛИКА Обожавател ја фати и сега ја продава
На еден од концертите што ги одржа во Рио де Жанеиро, Бразил, американската пејачка Тејлор Свифт ја скршила потпетицата и ја фрлила во публиката, што предизвикало хаос меѓу обожавателите.
На еден од концертите што ги одржа во Рио де Жанеиро, Бразил, американската пејачка Тејлор Свифт ја скршила потпетицата и ја фрлила во публиката, што предизвикало хаос меѓу обожавателите.
Фелипе Конрадо кој се наоѓал во ВИП ложата, успеал да ја фати, а сега ја продава во хуманитарни цели.
View this post on Instagram
На Тејлор во текот на настапот и се скршила потпетицата на чизмите од познатиот дизајнер на обувки Кристијан Лабутин, по што пејачката ја фрлила во публиката, а среќниот обожавателот бил близу сцената и успеал да ја фати.
Обожавателот Фелипе Кoнрадо којшто имал ВИП влезници за сите три концерти на Тејлор во Рио, објавил фотографија со потпетицата и напишал дека ја продава.
View this post on Instagram
„Како што ме прашаа многумина, собираме пари да платиме лекување на моја братучетка којашто боледува од карцином. Ти благодарам Тејлор за оваа можност“, напишал Фелипе под фотографијата што ја објавил на Инстаграм.
Тој спомнал дека е голем обожавател на Тејлор Свифт, но доколку некој колекционер е заинтересиран, ќе ја продаде потпетицата.
View this post on Instagram
Неговата братучетка Анџела има меланом откако докторите и отстраниле бенка од десната рака, се наведува на страницата за собирање пари.
За да се спречи метастаза, Анџела мора да направи 12 сесии со имунотерапија со лек којшто чини 730 долари месечно затоа што бразилскиот здравствен систем тоа не го покрива.
ФОТО: Инстаграм