ТЕ ЧЕКАМ ДА СЕ ВРАТИШ, ВАРДИ МЕ ОДОЗГОРА Сопругата на машиновозачот кој загина во Грција се прости од саканиот
„Ах, душо моја, чекам да се вратиш, заедно да ги оствариме нашите соништа. Тука сум и те чекам. Да ме вардиш таму од горе високо. Ќе те сакам засекогаш“.
Ваква емотивна порака му посвети на Фејсбук сопругата на машиновозачот кој загина во вчерашната смртоносна железничка несреќа кај Лариса. Тој имал 28 години. Луѓето во коментари ѝ возвраќаат да биде храбра и изразуваат сочуство за починатиот.
Најмалку 57 лица загинаа во сударот меѓу патнички воз кој сообраќал од Атина за Солун и товарен воз.