Тажните судбини на членовите на „Нови фосили“: Четворица заминаа прерано ФОТО

9,265

Шест дена по сообраќајната несреќа во која се здоби со тешки повреди и беше во кома, почина хрватскиот композитор и музичар Рајко Дујмиќ. За три дена требаше да го прослави 66. роденден, а зад себе ги остави сопругата Снежана и синот Тин.

Смртта на Рајко Дујмиќ е четврти голем удар за култниот бенд „Нови фосили“, пишува хрватскиот портал „Индекс“.






Основачот на групата и првиот тапанар, Слободан Момчиловиќ Мока, почина на 7 август 1984 година, на роденденот на Дујмиќ.

Првата пејачка на „Нови фосили“, Ѓурѓица Барловиќ, беше една од најхаризматичните жени во СФРЈ, а нејзината кариера ја прекина прераната смрт во 1992. Имала само 41 година, а починала од последици од акутниот инфаркт во болницата во Задар, оставајќи ги зад себе сопругот и двајцата синови.

– Беше со цврсто и стабилно здравје. Затоа и ме изненади незиното прерано заминување. На денот кога таа почина, верувале или не, сите часовници во мојот стан застанаа. Подоцна ја слушнав тажната вест – рекол подоцна Рајко Дујмиќ.

Бендот беше шокиран од смртта на другиот тапанар и сопруг на втората пејачка на „Нови фосили“ Сања Долежал, Ненад Шариќ Брада, кој почина во 2012 година во неговата викендичка во Доњи Звечај на Мрежница, каде што доживеал мозочен удар. Семејството го поминало Денот на трудот во својата викендичка на Мрежница, а таму планирале да го прослават 49-тиот роденден на Сања. Ненад решил да остане сам во викендичката за да ја подготви куќата за големата прослава за роденденот на Сања.

Членовите на семејството насетиле дека нешто не е во ред кога тапанарот не одговорил на телефонот по неколкучасовното ѕвоење. Сања се јавила кај сосетката, а таа го го пронашла во тешка состојба, после што починал.

Ја сам за плес.jpg

FOTO: Fejsbuk/Jutjub

Поврзани содржини