Тажни слики пристигнуваат од Преспа! Исчезнува езерото (ФОТО)

Езерото пресушува, брегот е десетици метри навлезен кон езерото, поради опаѓање на водостојот.

6,259

Фејсбук група „Пријатели на Преспа“ објавува фотографии од драматичната состојба во која се наоѓа Преспанското Езеро кое едноставно – исчезнува.

Езерото пресушува, брегот е десетици метри навлезен кон езерото, поради опаѓање на водостојот.






… и додека сите молчат пред нас и пред наши очи се губи еден бисер… Досега на Преспанско имаше два острови, но сега излегуваат многу острови и полуострови. Тиња, кал и призорот дека тука имало вода, жалосна слика. Овој бисер моли и ја бара нашата помош. Сликите кои денес ги затекнав, се уште еден показател дека ова езеро е на работ на пропаста. Крајно време е да се реагира ако сакаме овај бисер и понатаму да сјае и да ја краси нашата земја“ предупредуваат од Групата и апелираат да се споделуваат фотографиите за да не го изгубиме „Преспанско“.

На својот ФБ профил Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ напиша дека во едно минато време имаше држава која решаваше проблеми со исчезнување на езера…

– Сега има држава без училишта и редовен образовен систем. Ако власта не гледа и нема идеја, опозицијата да проба да состави тим на лик како оној кој го спасуваше Дојранско и да настапи со план и притисок врз власта – вели Димовски.

Поврзани содржини