Тажна снимка: Воен конвој во Италија ги носи починатите на кремирање (ВИДЕО)

Италија е најтешко погодената земја со заразата на коронавирусот по Кина, до денес наутро таму умреа 2.978 луѓе. Голем дел од нив во Бергамо, градот во кој е снимен воениот конвој.

865

Снимка од десетина воени камиони во Италија се прошири на социјалните мрежи, а во кои се превезуваат ковчезите до неколку крематориуми во северниот дел на најпогодената европска земја.

Италија е најтешко погодената земја со заразата на коронавирусот по Кина, до денес наутро таму умреа 2.978 луѓе. Голем дел од нив во Бергамо, градот во кој е снимен воениот конвој.






Поради општиот карантин во Италија погребите се спроведуваат без церемонија, а најтешко е во Ломбардија, провинцијата на северот на Италија каде се наоѓа и Бергамо.

Целата ситуација ја објасни ЦФБ, најголемата компанија за организација на погреби во регионот. Воените камиони биле повикани на помош за превоз на ковчезите во други градови бидејќи синоќа во крематориумот во Бергамо повеќе немало место.

 

Поврзани содржини