ТАЖЕН КРАЈ ЗА АГУЕРО Поради проблеми со срцето, Аргентинецот предвреме заминува во пензија

Аргентинецот минатиот месец се пожали на болки во градите и проблеми во дишењето на мечот против Алавес. Тестовите покажаа дека се работи за аритмија и во прв момент беше пренесено дека напаѓачот ќе паузира најмалку три месеци.

459

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Кун Агуеро во среда ќе одржи прес-конференција на која ќе соопшти дека оди во пензија поради проблеми со срцето.

Аргентинецот минатиот месец се пожали на болки во градите и проблеми во дишењето на мечот против Алавес. Тестовите покажаа дека се работи за аритмија и во прв момент беше пренесено дека напаѓачот ќе паузира најмалку три месеци.






Сепак, подоцна беше објавено дека проблемите се посериозни и дека докторите го советуваат фудбалерот да почне да размислува за крај на кариерата.

Медиумите од Шпанија сега пренесуваат дека Кун Агуеро донел одлука и во среда на прес-конференција ќе соопшти дека става крај на кариерата на 33 години.

 

Поврзани содржини