ТАЖЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА Фудбалерот Кристијан Атсу пронајден мртов под рушевините

Семејството и пријателите, како и спасувачите, чекале со денови и верувале во чудо дека Атсу може да преживее под урнатините на луксузната зграда од 11 ката, а како што одминувале деновите, надежта станувала сè помала.

427

Поранешниот фудбалер на Челзи и Њукасл, 31-годишниот Кристијан Атсу, кој беше дел од Хатajспор, по повеќе од десет дена потрага под урнатините е пронајден мртов, објави Хуриет.

Оваа тажна вест прв ја соопшти неговиот агент Мурат Узунмехмет кој на Твитер ја извести јавноста дека е пронајден мртов.






– Неговото безживотно тело е пронајдено. Неговите работи се’ уште се собираат, а пронајден е и неговиот телефон – напиша Узунмехмет.

Кристијан Атсу исчезна по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија и по него се трагаше уште од првиот ден.

Семејството и пријателите, како и спасувачите, чекале со денови и верувале во чудо дека може да преживее под урнатините на луксузната зграда од 11 ката, а како што одминувале деновите, надежта станувала сè помала.

На дванаесеттиот ден од потрагата надежта целосно исчезна – пронајдено е неговото безживотно тело.

Колку немал среќа, доказ се зборовите на менаџерот на Хајатспор, Фатих Илек, кој откри дека ден пред земјотресот Атсу го откажал авионскиот билет.

Кога ноќта пред земјотресот тој постигна гол против Касимпаша, реши да не патува и да остане со соиграчите“, откри тој во интервју за „Раидоспор“ Илек.

– Кристијан му кажа на тренерот дека му треба повеќе време за размислување. Сакаше да замине во странство кај своето семејство. Како си поигра судбината со него. Имаше авионски билет за 23 часот, прво требаше да лета за Истанбул, а од таму до Франција. Тој се откажа. Каква трагедија – рече Илек.

Потврда за пронајденото безживотно тело на Кристијан Атсу пристигна и од клубот Хатајаспор кој на својата фејсбук страница ја сподели тажната вест со јавноста.

Повеќе од 40.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија регионот на Турција и Сирија на 6 февруари.

Минатонеделните земјотреси со јачина од 7,8 и 7,6 степени беа со епицентар во Кахраманмараш и погодија уште девет провинции – Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османија и Шанлиурфа.

Повеќе од 13 милиони луѓе беа погодени од разорните земјотреси.

Поврзани содржини