„ТАТО ВЕЌЕ НИКОГАШ НЕМА ДА ТЕ ОДВЕДЕ КРАЈ ОКЕАНОТ, МОЕ КУТРО ДЕТЕ“ Деца во Кина си го убиле соученикот, па го закопале

Кога тато те одведе да го видиш океанот за првпат и те праша дали ти се допаѓа, ти рече 'да', а оттогаш, секој летен распуст те носев тука. Дури и сега се чувствувам како во сон. Тато веќе никогаш нема да те одведе крај океанот, кутро мое дете, му напишал таткото на своето брутално убиено момче.

563

Неколку деца, од градот Хандан во Кина, го претепале својот 13-годишен соученик до смрт, па го закопале во напуштена стаклена градина, известува Си-Ен-Ен.

Властите во Хандан соопштија дека детето се презивало Ванг. Убиено е на 10 март, а полицијата утредента ги привела тројцата осомничени. Тие претходно го планирале злосторството и почнале да му го копаат гробот на својот соученик ден пред убиството.






Адвокатот и семејството на Ванг рекоа на социјалните мрежи дека тројцата другари од одделението го малтретирале детето, а сите биле помлади од 14 години.

Вујкото на детето, кој го идентификувал телото, рекол дека лицето му било полно со повреди, а таткото напишал дека син му е „претепан до смрт“ и дека „неговото тело е толку унаказено, што е непрепознатливо“.

„Се надевам дека владата ќе биде фер, отворена и ќе биде праведна. Дека ќе изрече остри казни и дека убијците ќе платат со животот“, напиша татко му на Ванг.

Соученичка рекла дека осомничените момчиња постојано го заклучувале Ванг во шупа, а тој не сакал да оди на училиште и сакал да умре.

Татко му напишал:

„Кога тато те одведе да го видиш океанот за првпат и те праша дали ти се допаѓа, ти рече ‘да’, а оттогаш, секој летен распуст те носев тука. Дури и сега се чувствувам како во сон. Тато веќе никогаш нема да те одведе крај океанот, кутро мое дете“.

Поврзани содржини