ТАТКОВИНАТА СЕ САКА СО ФОРМИРАЊЕ СЕМЕЈСТВО, ИНАКУ БАДИЈАЛА ПРАВИМЕ ГРАДИНКИ 6.000 помалку бебиња се идни 300 празни училници

Од 2016-та до 2024-та година имаме за 6.000 помалку родени бебиња. Ако е една училница од 20 ученици, тоа значи 300 празни училници. Ако една училница е долга 20 метра, имаме 6 километри празни училници, изјави премиерот при посетата на Клиниката за гинеколошко акушерство.

52

Љубовта кон татковината се манифестира со тоа што одлучуваме да создадеме семејство и да се реализираме како родители, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посета на Клиниката за гинеколошко акушерство.

– Нашата цел е да го јакнеме јавното здравство, нашата политика е про-лајф политика. Да испратам една порака до младите, да одлучат да се реализираат како родители, да се раѓаат што е можно повеќе бебиња. Од 2016-та до 2024-та година имаме за 6.000 помалку родени бебиња. Ако е една училница од 20 ученици, тоа значи 300 празни училници. Ако една училница е долга 20 метра, имаме 6 километри празни училници. Отприлика вака изгледа изумирање на една нација – порача премиерот.






Мицкоски рече дека ќе продолжи да зборува на оваа тема, колку и да биде критикуван.

– Мислам дека за бадијала ние правиме и училишта, градинки, игралишта, улици, ако нема кој тоа да го користи. Затоа мојата порака до малдите е дека љубовта кон татковината се манифестира со тоа што, тоа е лична одлука, но одлучуваме да создадеме семејство и да се реализираме како родители.

Поврзани содржини