📽 ТАТКОВЦИТЕ НА ДВЕТЕ ЅВЕЗДИ НА ДАЛАС ВО ПРЕГРАТКА ЈА ПРОСЛАВИЈА ПОБЕДАТА  Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг имаа силна поддршка покрај теренот

Победата на Далас беше особено значајна за Лука Дончиќ како убав роденденски подарок за неговиот татко Саша кој на 14 јуни го прослави својот 50-ти роденден.

900

Кошаркарите на Далас маверикс славеа убедлива победа над Бостон селтикс со 122-84 и намалија на 3-1 во четвртиот натпревар од финалето во НБА со што остануваат во игра за шампионската титула.

По важната победа во Далас не беше весело само на паркетот, туку и околу него. Таму можеа да се видат многу познати лица, меѓу нив беа и Саша Дончиќ и Дредерик Ирвинг, татковците на Лука Дончиќ и на Кајри Ирвинг, двете најголеми ѕвезди на Далас.






Дончиќ го заврши мечот со 29 поени, 5 асистенции и 5 скока, а Ирвинг додаде 21 поен, 4 скока и 6 аистенции.

Победата на Далас беше особено значајна за Лука Дончиќ како убав роденденски подарок за неговиот татко Саша кој на 14 јуни го прослави својот 50-ти роденден.

Словенечкиот кошаркарски ас го поздрави и Серхио Рамос, шпанската фудбалска ѕвезда која долги години играше за Реал Мадрид.

Моменталниот резултат во на победи е 3-1 за Бостон. Кошаркарите сега се селат во Бостон каде на 18 јуни ќе се одигра петтиот натпревар од финалната серија.

Поврзани содржини