ТАТКОВЦИ, СЛИКАЈТЕ СЕ! Амбасадата на Шведска објави повик за фото натпревар на тема „Македонски татковци”

Десет до петнаесет фотографии ќе бидат селектирани и претставени на изложбата „Македонски татковци“ што ќе има прво изложување во Градскиот парк во Скопје – Школка за време на прославата на шведскиот национален ден на 10 јуни 2022 година.

285

Амбасадата на Кралството на Шведска објавува повик за учество во награден фото-натпревар на тема „Македонски татковци“. Целта на натпреварот е да ја подигнеме свесноста за споделено родителско (породилно) отсуство и важноста на врската помеѓу татковците и нивните деца, соопштиja од Амбасадата на Кралството на Шведска.

Наградниот фото натпревар ќе им даде можност на сите заинтересирани да номинираат своја фотографија која најдобро го прикажува односот татко-дете. Десет до петнаесет фотографии ќе бидат селектирани и претставени на изложбата „Македонски татковци“ што ќе има прво изложување во Градскиот парк во Скопје – Школка за време на прославата на шведскиот национален ден на 10 јуни 2022 година.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини